
Тимот на Арсенал од Лондон и официјално се засили со уште еден играч. Ново име во таборот на топџиите е 22 годишниот бразилец Габриел Магалхес кој пристигна од француски Лил.
Трансферот е вреден 25 милиони фунти, а доколку Габриел исполни некои бројки во договорот, ќе има и бонус од 5 милион евра за француската екипа.
За дефанзивецот на Лил заинтересирани беа уште Наполи и Евертон, но подобрата понуда на „топчиите“ ги елиминира двете екипи кои им беа ривали за потписот на Бразилецот.
Можеби ќе ве интересира: