Сем Алардајс и официјално промовиран како нов менаџер на Лидс до крајот на сезоната.
Поранешниот селектор на Англија, кој беше без работа откако го напушти Вест Бромвич Албион во мај 2021 година, се враќа во фудбалот во обидот за спасување на Лидс од испаѓање во Премиерлигата со само четири натпревари од сезоната.
Лидс загуби со 4-1 во Бормут во неделата и сега е во лоша ситуација кога е во прашање опстанокот на четири кола до крајот на годинашната кампања.
Евертон и Лестер беа претходните два клуба кои менуваа менаџери во обидот да дојдат до посакуваната цел, па иако тоа го направи и Лидс Јунајтед, Хави Грасија се покажа како лошо решение. Поради тоа, клубот денеска одлучи многу брзо да го разреши шпанскиот стручњак, а на негово место доаѓа најавениот Сем Алардајс, кој во Англија важи како „специјалист за спасување“.
Популарниот „Биг-Сем“ ќе го води Лидс на последните четири натпревари во Премиерлигата и за тоа ќе заработи 500 илјади фунти, а доколку обезбеди опстанок, ќе добие бонус од 2,5 милиони фунти. Лидс во последните четири кола ќе се соочи со Манчестер Сити, Њукасл, Вест Хем и Тотенхем.
Можеби ќе ве интересира: