Oсновното јавно обвинителство (ОЈО) осомничи 20 луѓе за криумчарење луксузни возила. Освен луѓето се сомничи и едно правно лице, соопшти Обвинителството на 5 јули.
Станува збор за криумчарење 14 луксузни автомобили е еден мотор, со вкупна првично проценета вредност од над 500.000 евра, соопшти Обвинителството.
За осум луѓе има истрага поради сомнение дека криумчареле возила и фалсификувале исправи. За останатите 12 луѓе и правното лице има кривични пријави. Меѓу нив се и пет луѓе вработени во Министерството за внатрешни работи(МВР).
Обвинителството соопшти дека досега се уапсени 18 луѓе, а по двајца се уште се трага.
Јавниот обвинител од Основниот кривичен суд Скопје бара на осумте осомничени да им се определи мерка притвор, а на останатите мерки на претпазливост.
Во текот на 2021 и 2022 година, осомничените организирале и учествувале во пренесување на автомобили избегнувајќи ја царинската контрола, со лажни исправи ги регистирале возилата по што ги продавале, иако знаеле дека се предмет на кривично дело.
Можеби ќе ве интересира: