Првите резултати од тестирањето на вакцината за коронавирус, во чиј развој соработуваат Универзитетот во Оксфорд и компанијата Астра Зенека, покажаа дека производот стимулира силна реакција на имунолошкиот систем кај постарите лица.
Лондонскиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ дознал од сигурни извори дека истражувачите биле охрабрени откако се покажало дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај постарите лица кои се особено подложни на тешки форми на болеста и со висок ризик од смрт, објави Ројтерс.
Првите тестови покажале дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај населението на возраст од 18 до 55 години, но еден текстот на „Фајненшл тајмс“ се предупредува дека некои истражувачи посочуваат дека тестовите не се гаранција дека вакцината може да се смета за дефинитивно безбедна и ефикасна кај постарите пациенти.
За „Астра Зенека“, која работи на вакцината со Универзитетот во Оксфорд, се смета дека е најблиску до успешното откривање на сигурна вакцина против корона.
Можеби ќе ве интересира: