Онлајн петиција за ослободување на велешанката што го уби полицаецот

Peticija za velesankata za ubistvo

Преку онлајн петиција, роднини бараат слобода за 23-годишната Пале Иловска од Велес и условна казна за девојката обвинета за убиство на нејзиниот партнер, бидејќи го убила во самоодбрана.

Zito akcija 640x289px

Покренувачот на петицијата, кој се претставува како нејзина прва братучетка, вели дека Пале била девојка без родителска грижа, која уште како малолетна пронашла утеха во погрешна личност. Се скарала и со сестра си, бидејќи нејзиниот партнер, по смртта на таткото, барал целата куќа да и биде препишана на Пале, а имало и инцидент, кога поради тоа, тој ја нападнал нејзината сестра.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Поранешните сопруги на А.Р. имале каде да се вратат, кај своите родители, а мојата братучетка останува сама, заробена во својата куќа. Никогаш досега се нема пожалено на никој дека е малтретирана, а притоа секогаш беше насмеана. Замислете со што сама се справувала. Не го поддржувам тоа што го направи, ама верувам дека секој човек би се борел за сопствениот живот. Верувајте ми, душата ме боли. Еве ви ја вистината и се надевам ќе се најдат добри луѓе кои би помогнале, би се бореле за неа, до неа, да добие условна казна“, се вели во петицијата.

Содржината продолжува под рекламата

Несомнено е дека убиството во самоодбрана може да биде олеснителна околност, но не и причина за ослободување од казна, тврдат правници.

Убиството се случи пред три дена, кога 40-годишниот маж, кој инаку бил полицаец, дошол дома половина час пред полноќ, а три часа подоцна, повикана е брза помош, која констатирала смрт, поради убодна рана од нож во градите. 

Соседите сведочеа дека убиениот бил конфликтна личност, која постојано се карала со соседите, а често се слушале кавги и физички пресметки со неговата партнерка. И покрај тоа, против него официјално немало пријава за семејно насилство, ниту пак некој се жалел на неговото однесување како полицаец. 

Сепак, тој немал чисто досие. Пред 11 години со автомобил прегазил шестмина пешаци на тротоар, а пред пет години бил осуден за изнуда, кога ја фатил за врат сестрата на партнерката и ја убедувал да се откаже од делот од куќата. И за двете дела добил условна затворска казна.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: