Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 15. Од нив, седум имаат потврдени позитивни тестови, еден е сомнителен на вирусот, седум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се пет пациенти. На инфективното оддееление има шест пациенти, на интерното одделение има пет пациенти , а во Модуларната болница се лекуваат четири пациенти.
По подолго време има починат пациент во ковид центарот. 73 годишна пациентка од с. Горно Оризари е нова жртва на ковид-19. Таа се лекувала во Модуларната болница на велешката болница три недели.
Во последните 24 часа се испишани тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: