Опожарено возило во Велес

Zapaleno vozilo

Возило марка „БМВ“, сопственост на велешанец, со кумановски регистраски ознаки, вчера се запалило на улица 11-ти Октомври во Велес, во близина на Основното училиште „Васил Главинов“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 12.11.2023 околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ во
Велес настанал пожар во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост
на Р.Д.(47) од Велес“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: