Опозицијата денеска на протест пред Влада за осудените за упадот во собранието

sobranie 27 april

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес во 11 часот излегува на протест пред Владата, а на масовност граѓаните ги повика и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Zito akcija 640x289px

Протестот е организиран по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, од страна на македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“.

Agria

Покрај ВМРО-ДПМНЕ, Единствена Македонија, Интегра, и Подем исто така го поддржаа протестот.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест!

Протестот треба да започне со изведувањето на македонската химна од страна на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој беше ослободен од обвинение за нападот на Собранието на 27-ми април.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20255/borecz-basket-po-prodolzhenie-obezbedi-majstorka/