Општина Градско и Центарот за развој на Вардарски плански регион заеднички во подобрување на патната инфраструктура

Општина Градско потпиша договор со Центарот за развој на вардарски плански регион за подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини – Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделски обработливи земјиште во општина Градско од село Виничани до м.в. Свети Илија – (Ѓорѓиица) во должина од вкупно 900 метри (500м+400м).

Zito akcija 640x289px

Средствата се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Реализација на проектот се очекува по завршување на постапката за јавна набавка кон почетокот на месец септември.

Agria

Покрај овој проект Центарот за развој на Вардарски плански регион обезбеди уште две инвестиции која ќе овозможат регионален развој и е поддршка на аграрните политики за развој на нашите села.

Реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во Општина Чашка, месност с.Војница – место викано Дрење, во должина од 600 метри и санација на пристапен пат до земјоделско земјиште во месноста Солена Вода, Општина Неготино, во должина од 700 метри.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22639/izrechena-kazna-od-20-000-evra-za-ispushtane-mazut-vo-rekata-vardar-kaj-gradsko/