Општина Велес на владиниот повик аплицираше за изградба на подземна гаража и нов плоштад во центарот на градот

Veles so dron Januari 20202

Општина Велес аплицирала на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер до Владата со проект за изградба на подземна гаража кај Основниот суд, за простор за околу стотина возила, а потоа и за изградба на нов плоштад врз неа.

Zito akcija 640x289px

Во изјава за МИА, градоначалникот Марко Колев денеска посочи дека очекува позитивен одговор по ова барање до Владата, за овој значаен капитален објект на градот, подземна гаража и нов плоштад вреден три милиони евра.

Agria

„Се надеваме на позитивен одговор од Владата за изведба на подземната катна гаража и уредување на градскиот плоштад, со што централното градско подрачје ќе биде функционална целина и ќе се решат многу значајни проблеми за велешани“, објави Колев.

Колев информира дека за оваа катна гаража веќе имаат готов проект, имаат ревизија издадено решение за градба и сообраќајно решение.

Можеби ќе ве интересира: