Општина Велес повеќе не прима пријави за сончеви колектори

sonchevi-kolektori

Прекинат е јавниот повик за субвенционирање на сончеви колектори, три недели пред неговиот рок. Поради огромниот интерес од граѓаните, а и поради принципот на поделба „прв дојден, прв услужен“, буџетот е веќе потрошен.

Zito akcija 640x289px

„Бидејќи сите финансиски средства во вкупен износ од 500.000,00 денари предвидени за субвенционирање на соларни сончеви термални колектори се исцрпени, јавниот повик за оваа намена денес се прекинува пред истекот на рокот. Јавниот повик беше со рок до 26 јуни 2020 година, меѓутоа нема потреба од негово траење, поради исцрпувањата на средствата”, рече градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Agria

Од истите причини и јавниот повик за субвенционирање на велосипеди наскоро ќе биде прекинат, пред истекување на рокот, најави Коцевски.

На јавниот повик за субвенционирање на соларни сончеви термални колектори, 64 жители на Општина Велес поднеле апликации, а за велосипеди се поднесени 146 апликации, кои се доставени до архивата на Општина Велес.

„Со ваквата соработка меѓу општината и граѓаните се зголемува јавната свест за повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, а со сончевите колектори ќе се овозможи и намалување на сметките за струја во домаќинствата” додаде Коцевски.