Останатите ваучери за туризам ќе бидат доделени до крајот на оваа недела

ohrid
ohrid

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера кажа дека од 4.000 ваучери за туризам, досега се издадени 2.500, а останатите треба да бидат поделени до крајот на неделава

Zito akcija 640x289px

„Јас имав комуникација со одредени институции за да може да ги издадеме сите ваучери во текот на неделава. Имајќи предвид дека 2.500 ваучери веќе беа издадени пред да бидат распишани локалните избори, постапката ќе продолжи. Исплата од Министерството за економија до хотелските капацитети не се прави веднаш, но тоа е предвидено во буџетот и ќе се направи во моментот кога ваучерите ќе бидат користени. До крајот на неделава ќе ги издадеме сите ваучери, а до крајот на годината имаме право да ги направиме сите исплати во хотелските капацитети, изјави Бектеши“, рече Бектеши.

Agria

Бектеши додаде дека интересот за оваа мерка е голем, а финалниот список, кој добил ваучер, ќе биде објавен кога ќе бидат доделени сите ваучери, рече Бектеши.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: