Нема да има промени во сметањето на времето, односно ноќта меѓу 29 и 30 септември граѓаните во земјава повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад, потврдија од Владата.
Можноста за задржување на летното сметање на времето го постави Владата на седница на почетокот на месецов, а задача од Владата да ја разгледа ваквата можност и да ги подготви потребни анализи и документи доби Министерството за економија.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку, зимското сметање на времето е нормалното сметање на часовите, а летното е воведено главно од економски причини пред повеќе од 100 години.
Можеби ќе ве интересира: