Третоодделенецот Марко Зафиров од Велес е државен првак во шах за млади до осум години. Оваа древна игра ја научил од неговиот дедо. Успехот на државното првенство му овозможи следната година да учествува на Европското првенство во шах што ќе се одржи во Струга. Покрај шахот како хоби, кое му носи бројни пофалници и признанија, омилени предмети на Марко му се математика, историја и географија.
Малиот Марко златниот медал вчера му го покажа на градоначалникот Марко Колев и му раскажа за својата пасија во играње шах. Градоначалникот Колев му посака успех и го покани со освоениот златен медал повторно да го посети.
Содржината продолжува под рекламата
Општина Велес најави дека ќе го поддржи талентираниот Марко на Европското првенство, за достојното претставување на градот во оваа дисциплина.
Можеби ќе ве интересира: