Петмина повредени во синоќешната тепачка кај „Потокот“

tepacka2

Осум лица, на возраст од 18 до 62 години учествувале во тепачката, која синоќа, околу 19 часот се случи на улица „Маца Овчарова“ во Велес, во близина на месноста „Потокот“.

Zito akcija 640x289px

Сепак, тепачката не била рамноправна. Од една страна биле 18-годишниот М.Ш. и три години постариот М.Ш., кои против себе имале три пати побројна група – И.К.(18), Ш.А.(38), И.К.(62), Д.С.(37), А.С.(23) и А.З.(59).

Agria

„На 14.06.2020 околу 19.00 часот на ул.„Маца Овчарова“ во Велес била пријавена физичка пресметка помеѓу М.Ш.(18) и М.Ш.(21), од една страна, и И.К.(18), Ш.А.(38), И.К.(62), Д.С.(37), А.С.(23) и А.З.(59), од друга страна, сите од Велес“, вели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во тепачката интервенирала и злужбата за итна медицинска помош, бидејќи имало и повредени.

„Вчера во 20:30 часот примен е повик за повредени лица при физички напад. Веднаш е испратена медицинска екипа на терен при што на местото на настанот се прегледани и дадена им е медицинска помош на пет лица, од коишто двајца биле со повреди на главата, а кај останатите се констатирани поединечни повреди од типот на нагмечотини и гребнатини на подлактица, натколеница и лицева регија. Сите пет повредени лица се транспортирани на хируршкото одделение при велешката општа болница, со цел натамошна дијагностика и третман“, рече д-р Страхил Тодоров, портпарол на Медицински центар Велес.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Поврзани вести:

https://batali.net/6264/istepan-rabotnik-na-derven/