Отказ добија за 15 високи полициски фунционери во МВР

Policija dojava za bombi

Петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ бидејќи работеле спротивно на законот и нелегално издавале дозволи за поседување оружје, обелодени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Zito akcija 640x289px

Министерот на денешната прес-конференција рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во МВР биле спроведувани постапките за издавање дозволи за поседување оружје.

Agria

„По извршена темелна истрага од страна на комисија, која спроведе ревизија за претставките, се констатира дека кај огромен број предмети, над 5.000, не било постапувано во минатото, а притоа голем број предмети, во кои апликантите не исполнувале услови, биле позитивно оценувани и им била давана дозвола за оружје“, рече Тошковски.

Министерот објасни дека селективно се постапувало само за предмети за кои интерес имал конкретен полициски функционер да даде наредба, а тоа не се правело хронолошки. Вториот пробелем, рече Тошковски, се однесува на конкретни лица што не посадувале законски услови кога им биле давани дозволите.

Тошковски најави дека во наредниот период ќе следуваат и кривични пријави за оние за кои постојат докази дека сториле кривично дело.

За решавање на проблемот, кој со години бил таложен, создадена е дигитална алатка, која ќе овозможи неселективен и системски пристап кон дозволите за поседување оружје, најави министерот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: