Откажан состанокот на Комисијата за заразни болести

Караџовски

Состанокот на Комисијата за заразни болести на кој денеска требаше да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот е одложен.

Zito akcija 640x289px

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека состанокот на Комисијата е презакажан за утре.

Agria

Денеска останува да заседава Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на болеста во третиот бран. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000.

Во меѓувреме продолжуваат подготовките за имунаизацијата со вакцините на „АстраЗнека“ кои завчера пристигнаа преку КОВАКС механизмот. Вакцинирањето на граѓани над 75 години, по претходно закажување и консултација со матичен лекар, почнува утре, во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19641/ischezna-17-godishna-devojka/