Во Кавадарци денеска е отворен новиот Градски зелен пазар, кој се простира на површина од 2.100 квадратни метри, со три нивоа. Приземно и подземно, со вкупно 130 паркинг места, магацински простор и санитарни јазли.
Делот за пазарување располага со 190 модерни тезги и шест фрижидери. Сите нивоа се поврзани со скали, товарен лифт за достава на роба и помал лифт за пешаци. Според градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, ова е еден од најголемите и најзначајните проекти на општината. Изградбата од бетон и челик чинела 105 милиони денари, а опремувањето 12 милиони денари.
Содржината продолжува под рекламата
„Градскиот пазар после 60 години доби модерен и атрактивен изглед и јас сум посебно горд поради овој проект“, нагласи градоначалникотЈанчев.
Можеби ќе ве интересира: