Вчера, на зајдисонце, во магичен амбиент, пред неколку стотини луѓе на археолошкиот локалитет „Стоби“ беше отворена голема изложба на дела од реномираниот скулптор Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.
Како еден од најзначајните ликовни творци во втората половина на 20 век, човек со космополитски дух и отворен светоглед, делата на Хаџи Бошков, инспирирани од античката култура, го најдоа своето упориште во Стоби во просторот пред театарот, потоа Полукружниот плоштад, Виа сакра, сцената на Античкиот театар и коридорот под гледалиштето, Храмот на Изида и Серапис, како и големиот неистражен простор, кој се протега до Градбата со Арки.
Содржината продолжува под рекламата
Поставката на интересен начин овозможува заемно разоткривање и суштинска врска меѓу вредностите на модерната и антиката. Куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои опфаќаат четиридецениски период од 1962 до 2004 година.
Содржината продолжува под рекламата
Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков се позајмени и директно од ателјето беа пренесени на локалитетот Стоби. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ.
Mожеби ќе ве интересира: