Родилката која се фрли од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) е во многу критична состојба. Ова денеска го изјави директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.
„Секаде во светот познат е податокот дека една од 10 породени пациентки имаат мало психолошко пореметување, но никаде прозорците не се затворени и забарикадирани. Не можеме да ги чуваме како затвореници. Сепак тоа е убаво чувство“, рече Јовановска, одговарајќи пред медиумите.
Докторката истакна дека пациентката на Клиниката немала посебни психички проблеми, освен што била лесно вознемирена и не сакала да го дои бебето.
„Затоа разговаравме со директорот на Психијатрија да направиме заедничка средба и да може да доаѓа психијатар, иако тоа е табу тема и не знаеме дали ќе го прифатат мајките. Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар во современото живеење како совет, а не како терапија“, кажа Јовановска.
Родилкатата на 39-годишна возраст на свет донела здраво машко дете.
Можеби ќе ве интересира: