Паркинзи се премислија, наплатата почнува веднаш

Platen parking

Кратко траеше тест периодот на зонското паркирање, откако денеска од јавното претпријатие кое стопанисува со велешките паркинзи преку соопштение најавија дека наплатата за паркирање почнува веднаш.

Zito akcija 640x289px

“Јавното претпријатие „ПАРК-СПОРТ И ПАРКИНЗИ“ Велес, по тест периодот за усогласување на системот за евиденција на возила со мобилните оператори, официјално започнува со наплата на услугите на јавните паркинг места по зони, каде што се поставени информативните табли. Повикуваме граѓаните внимателно да ги следат информациите од таблите и точно да ги внесуваат податоците за возилото или да се консултираат со службените лица кои се наоѓаат на паркинг местото”, се вели во соопштението од ЈП Парк-спорт и паркинзи.

Agria

Батали.нет пред два дена објави дека почна наплатата за паркирање во Велес. Од “Паркинзи” тогаш рекоа дека се работи за тест период и дека нема да се казнува доколку некој не плати, а дека наплатата ќе почне подоцна.

Велес е поделен на три паркинг зони, „А“, која е црвена зона има три подзони, втората зона „ Б“ е зелена и има девет подзони, и третата паркинг зона „Ц“ е жолта и има две подзони. Цената за еден час паркирање во зоната „А“ е 30 денари, во зоната „Б“ е 20 денари и во зоната „Ц“ е 10 денари.

Дневна карта за паркирање во сите зони е 400 денари. Во недела и на државни празници паркирањето ќе биде бесплатно за сите, а за граѓаните се издаваат повластени паркинг карти.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22621/mrtov-mazh-pronajden-vo-objekt-vo-kavadarczi/