Патник фатен при обид да пренесе хероин, па на крај заврши во притвор

heroin
heroin

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на скопското село Никиштане, осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 2 февруари, на излез од државата на граничниот премин Табановце, тој неовластено заради продажба држел и пренесувал наркотична дрога хероин. Во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Скопје-Копер, Р Словенија, осомничениот во горниот багажен дел од автобусот, во најлонска кеса, пренесувал вкупно 1.091 грама хероин.

Agria

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода или да ја попречува истрагата. Судијата на претходна постапка донесе решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: