Напаѓачот на Превалец, Пеце Стојанов моментално е најдобар стрелец во Третата фудбалска лига Југ, со постигнати 17 гола. Тој е причината за високиот пласман на превалчани оваа сезона.
По Стојанов во оваа статистичка категорија следуваат: Ибраимовски Ерџан од Ново Црнилиште со постигнати 14 гола , Ѓорѓиев Игор од Росоман и Стрезовски Ѓорги од Питу Гули со постигнати 11 гола.
Содржината продолжува под рекламата
Најблиску до Стојанов од екипата на Превалец е Кристијан Маневски со постигнати осум погодоци. До крајот на сезоната има осум кола па се очекува на контото на Стојанов да се запишат уште поголем број на погодоци.
Можеби ќе ве интересира: