Пензионерите ќе добијат покачување на пензиите

penzioneri1

Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2%, информираат од МТСП.

Zito akcija 640x289px

Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

Agria

Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.

Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%.

Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5%, соопштија од министерството.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22304/momcheto-koe-vo-veles-so-nozh-ja-izbode-nevenchanata-sopruga-ke-odgovara-za-obid-za-ubistvo/