Пензионерите со најниски пензии ќе добијат најмногу, порача премиерот Ковачевски

pari, denari

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека покрај зголемувањето на пензиите, ќе следува и дополнителен финансиски пакет за помош на околу 330.000 пензионери.

Zito akcija 640x289px

„Во однос на зголемувањето на пензијата, ние веќе имавме едно усогласување кое што се случи и ни следува уште едно усогласување кое што ќе се случи на средината на годината. Дополнително, со оглед на тоа што се работи за година на економска криза, предизвикана од енергетската европска криза, ние веќе правиме анализи за дополнителна финансиска помош за пензионерите која според анализите, ќе биде скалеста, односно оние кои што имаат најмали пензии да добијат најмногу, а оние кои што имаат повисоки пензии соодветно на тоа да добијат дополнителен износ.“ порача Ковачевски.

Agria

Премиерот нагласи дека носењето на оваа мерка ќе биде преку дијалог со цел да бидат задоволени сите страни.

„Анализите се прават, а разговорите започнуваат во петок, бидејќи сметаме дека како со минималната плата која се водеше низ дијалог, така треба да се усогласува и да се направи новата методологија за пензиите, бидејќи тоа е начин во кој што ќе бидат задоволни сите заинтересирани страни, како оние кои што се корисници на пензиите, така и институциите кои што треба тоа решение да го спроведат“ заклучи претседателот Ковачевски.

За предлогот законот за зголемување на пензиите, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски оцени дека тоа е паушален предлог кој не се базира на никакви анализи.

„Законот ко јшто ВМРО-ДПММЕ го поднесе, сметам дека е паушален, не знам дали е извадено од глава или од шешир тоа што го предлагаат бидејќи тоа не се базира на никакви анализи. Јас познавам многу еминентни економисти во опозицијата и не верувам дека тие тоа го предложиле, веројатно во некоја ПР служба го предложиле тоа решение“, истакна Ковачевски.

Тој посочи дека во изминатите неколку години Фондот на ПИОМ е консолидиран, дека е затворена финансиската дупка што ја остави ВМРО-ДПМНЕ и денес, ПИОМ дури и во време на криза, врши предвремена исплата неколку денови однапред за конкретниот месец.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27670/nov-sluchaj-na-skvernavene-na-grobovi-na-sveti-spas/