Петмина фудбалери Црвена Ѕвезда заразени од Ковид-19

BTS7255

Како што соопштуваат од Црвена Ѕвезд, фудбалерите, Душан Јованчиќ , Његош Петровиќ, Марко Гобељиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ се позитивни на Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Пред два дена и поранешниот капитен на Црвена Ѕвезда и син на познатиот Душан Савиќ, Вујадин Савиќ, исто така објави дека е позитивен на Ковид-19.

Agria

„Важно е да се истакне дека сите останати играчи, членови на стручниот штаб и управата и персоналот на стадионот, кои биле во директен контакт со наведените фудбалери, имаат добиено негативен тест и немаат коронавирус. Црвена Ѕвезда ги презема сите неопходни мерки за заштита и ќе продолжи тоа да го прави. Исто така, ќе ја известуваме јавноста и во иднина за сите неопходни детали за борбата против коронавирусот, доколку ги има“ стои во соопштението од клубот.

Играчите кои не беа во можност да го кренат пехарот шампион на Србија, медалите ќе ги добијат на првиот официјален натпревар на клубот на домашен терен. Клубот уште еднаш им честита за нивниот голем успех и им посакува брзо закрепнување.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6835/veleshanka-so-simptomi-na-koronavirus-tri-dena-cheka-rezultati/