Петров: Заслуживме свирежи од публиката, што и да се каже е залудно

Kostadin Petrov
Kostadin Petrov

Костадин Петров имаше солидно Светско првенство (СП) на личен план, затоа што одигра шампионат без промашување, но Македонија забележа првенство за заборав, со три порази на три меча во првата фаза.

Zito akcija 640x289px

Кружниот напаѓач на исландски Тор, по средбата со Аргентина (26-35), потенцира дека публиката очекувано е разочарана затоа што Македонија не го покажала она што треба да го покаже на терен.

Agria

„Имавме голема желба да го добиеме овој меч. Немаше никој кој не се заложи максимално да го добие овој меч. Што и да се каже сега е залудно. Треба добро да се анализира се во играта. Не покажавме тоа што покажува Македонија. Тие свирежи од публиката ни се заслужени. Се надевам дека понатаму ќе ја оправдаме нивната доверба. Од срце им благодарам на сите што дојдоа да не бодрат во толкав број и се надевам дека се понатаму ќе биде како што треба“, изјави Петров.

Овој настап на СП 2023, за Македонија продолжува во Президент Купот, каде следат три дуели со африкански селекции, тоа се Алжир, Мароко и Тунис.

Извор на веста: gol.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: