Младинците на ГРК Борец денес со петата победа во групата А го зaверија местото на фајнал фор на младинската лига. Во салата Гемиџии тие беа подобри од екипата КЛ 7 од Свети Николе со резеултат 31:15.
Уште од самиот старт ракометарите на Борец го презедоа водството и не го испуштија до крај. Гостите од Свети Николе не беа на исто квалитативно рамниште како домаќините. Најефикасен кај Борец на овој натпревар беше Табаков со постигнати шест погодоци.
Сеуште не се знае кој ќе биде противникот на Борец, а и кој ќе биде домаќин на завршниот турнир. Овие натпревари беа слелективни, па на трибините можеа да се забележат и некој од селектирите на репрезентацијата.
Можеби ќе ве интересира: