Вчера во акциска контрола што ја покрива сообраќајната полиција на СВР Куманово, биле изречени 166 казни, од кои 39 биле фатени како управуваат со возило под дејство на алкохол. Кај еден од возачите биле измерени дури 4.86 промили алкохол во крвта.
Содржината продолжува под рекламата
Од вкупниот број на санкционирани возачи, 94 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 15 за управување возило без возачка дозвола, три за нерегистрирано возило и 15 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.
Содржината продолжува под рекламата
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.
Можеби ќе ве интересира: