Пионерите на Бисинов Фруитленд не успеаа да се пласираат на завршниот турнир на ракометниот фајнал фор во пионерска конкуренција. Во четвртфиналниот натпревар беа поразени од Годен Арт со резултат 25:21 (13:11).
Содржината продолжува под рекламата
Покрај екипата на Голден Арт, на завршниот турнир се пласираа и Еурофарм Пелистер, Аеродром и Куманово, кои победија на натпреварите на домашен терен. Сите екипи што се пласираа на фајнал фор, беа првопласирани во своите групи по регуларниот дел од сезоната.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварите од завршниот турнир ќе се играат викендов, а организаторот и полуфиналните двојки ќе бидат дополнително познати.
Можеби ќе ве интересира: