Иако Боречкиот клуб Борец остана без спортски ваучер кој го доделува Агенцијата за млади и спорт, сепак не ги спречува да се натпреваруваат и да постигнуваат успеси.
Содржината продолжува под рекламата
На денешното изборно првенство во борење слободен стил и борење за жени, пионери и пионерки У-15 кое се одржа во Кочани во конкуренција на 13 клуба и 90 учесници тие се враќаат со три трети места.
Содржината продолжува под рекламата
Успехот е уште поголем ако се знае во каква финансиска состојба е клубот. Тренерот Игор Мицевски изјави дека иако ситацијата е тешка тие ќе изнајдат сили за да учествуваат на сите првенства, за да сите млади борачи постигнат успеси, а клубот не згасне.
Можеби ќе ве интересира: