Ракометарите на Фруитленд Борец забележаа уште една победа во пионерската ракометна лига. По втор пат беше совладан тимот на Прилеп со резултат 18:15, кој се покажа како тврд орев.
Велешани го скршија отпорот на гостите на крај од првиот дел кој заврши со резултат 9:6. Прилепчани дибро го започнаа вториот дел израмнувајќи на 9:9, но тоа беше се што успеаја да направат. На голот на Фруитленд Борец беше расположен Христијан Стајиќ и не дозволи изненадување во Велес .
Повторно најефикасен беше Ѓорѓија Амбарков со шест погодоци, а четири постигна Симеон Бобевски. Кај гостите од Прилеп Бојан Наскоски постигна 10 голови. До крајот на првиот дел останува уште гостувањето во Битола кај вториот тим на Еурофарм Пелистер кој е лидер на табелата.