Ракометарите на Борец и покрај победата над Шампион со 35:25 ќе ги продолжи натпреварите во плеј-аутот од Првата ракометна лига, откако претходно дирекниот конкурент Јехона со победата над Партизан од 34:30, обезбеди сигурно место во плеј-оф фазата од Првата ракометна лига.
Борец немаше поголеми проблеми да оствари победа на овој натпревар, после израмнетиот почеток и резултат 5:5 следуваше серија на домашниот тим. Со пет последователни гола Борец ја најави победата.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на првото полувреме веќе Шампион имаше недостижна негатива од осум гола. После одиграни 30 минути беше 16:8. Во продолжението предводена од Лазар Стојанов, екипата на Борец немаше проблеми да стигне до победата и да запише нови бодови.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен во победничкиот тим беше Стојанов со 11 погодоци, а по четири постигнаа Атанасовски и Минов. Во екипата на Шампион најпрецизни со по шест гола беа Дебрешлиоски и Сибиновски.
Можеби ќе ве интересира: