
Првата македонска фудбалска лига ќе се врати на деветти август, а денес во просториите на ФФМ се одржа и жрепката во која се утврди распоредот за натпревари.
Велешки Борец стартот на сезонава го има во Скопје против екипата на Вардар.
За разлика од досегашните неколку сезони, оваа нова сезона поради прекинатото првенство и пандемијата со коронавирус, ФФМ ја прошири лигата на 12 екипи, па на минатосезонските 10 кои останаа прволигаши им се приклучија најдобрите две од вторите лиги во двете групи, Беласица и Пелистер.
Двојки за првото коло во новата сезона 2020/2021
Шкупи – Шкендија
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга Трим Љум
Можеби ќе ве интересира: