По 15 години Марсело го напушти Реал Мадрид

Marcelo vo Olimpijakos

Легендарниот капитен на Реал Мадрид, Марсело, потпиша за грчкиот тим Олимпијакос. Тој се приклучи на грчкиот тим како слободен агент откако во јуни му заврши договорот со Реал Мадрид.

Zito akcija 640x289px

Шпанскиот тренер Карлос Корберан, кој неодамна го презеде тимот на Олимпијакос, успеал да го убеди Марсело да дојде во неговиот тим. Олимпијакос веќе ја испрати документацијата и од Пиреја се надеваат дека трансферот ќе биде затворен во следните неколку часа.

Agria

34-годишниот Марсело се прости од Реал Мадрид како играч со најмногу титули во историјата на „кралскиот клуб“, освојувајќи ја Лигата на шампионите во својот последен натпревар. Во грчкиот тим нема да игра во елитното континентално натпреварување, туку ќе игра во Лига Европа.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32512/miczkoski-makedonija-graganite-i-elem-esm-za-samo-25-chasa-se-oshteteni-za-blizu-10-000-000-denari/