Здравствените власти на Црна Гора го потврдија новиот случај на заразен од ковид 19, втор во последните два дена, откако 42 дена по ред не се пријавени нови случаи .
Станува збор за лице од Будва, која била на територијата на Босна неколку дена пред почетокот на симптомите.
На 24 мај, таа стана првата држава без ниту еден случај на заболен од ковид 19 во Европа.
На 1 јуни, Црна Гора ги отвори своите граници кон 130 земји со помалку од 25 активни случаи на 100 000 население, и ги укина повеќето преземени мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Поврзани вести: