По Кочо Анѓушев, и Горан Пандев најави можно повлекување

strumica stadion pod sneg

Нашиот најдобар фудбалер и член на италијанскиот клуб Џенова, Горан Пандев најави дека ќе се повлече од финансирање во клубот, бидејки не е задоволен од начинот како функционира македонскиот фудбал.

Zito akcija 640x289px

Неговиот клуб Академија Пандев вчера во тешки услови за игра, на терен покриен со снег загуби од Работнички, а денеска тој прстот го впери во раководството на ФФМ.

Agria

„Срамно и жално, уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви…Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес“, напиша Горан Пандев.

Тој напиша дека е спремен доколку не се сменат некои работи да си тргне настрана.

„Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Подготвен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана“, напиша Пандев.

Инаку, пред речиси три недели и сопственикот на фудбалскиот клуб Борец од Велес и прв човек на Брако, Кочо Анѓушев, го прекина спонзорирањето на велешани, бидејки e незадоволен од односот на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес, но и на федерацијата, кон Борец. Клубот бараше да има еден делегат, меѓу четворицата претставници на ОФС Велес на изборното Собрание на ФФМ, кое требa да се одржи пролетва и на кое ќе се избира новиот претседател.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18054/kocho-angushev-zaminuva-od-borecz/