По три дена во кои починаа седуммина пациенти, на инфективното одделение во велешката болница помина мирно деноноќие. Нема починати пациенти, а бројот на хоспитализирани се намалува.
Во моментов таму се сместени 29 пациенти, од кои 25 се со потврден позитивен тест на коронаривус, а четворица се водат како сомнителни случаи. Вкупно десетмина се со потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка.
Велес е еден од градовите кој е најпогоден од пандемијата на коронавирусот. Вчера беа регистрирани 11 новозаразени граѓани. Од почетокот на кризата до сега се заразија 469 велешани, од кои само тековниов месец се регистрирани 147 новозаразени. Во моментов активни се 120 случаи, а оздравеа 328 пациенти. Досега починаа 21 велешанец, од кои четворица во последните три дена, кога имаше уште тројца починати, но двајца се жители на Градско и еден на Свети Николе.
Можеби ќе ве интересира: