Во ковид статистиката на Министерството за здравство, во Велес се регистрирани нови осум позитивни случаи на коронавирус. Оздравени се 36. Бројот на активни случаи во Велес е 744.
Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – 15, Тетово – 13, Штип – 10, Кавадарци, Струмица и Гевгелија – по 9, Велес, Гостивар и Струга – по 8, Кичево и Дебар – по 6, Свети Николе – 4, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци – по 1.
Регистрирани се 689 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 24 починати лица: 7 од Скопје (40г, 52г, 55г, 59г, 64г, 72г и 85г), 6 од Битола (63г, 68г, 70г, 71г, 71г и 85г), 3 од Куманово (73г, 76г и 84г) и по еден пациент е пријавен од Охрид (88г), Кавадарци (82г), Струмица (73г), Струга (69г), Свети Николе (64г), Крива Паланка (74г), Радовиш (75г) и Пробиштип (52г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.
Можеби ќе ве интересира: