Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.
„Осомничениот 67-годишен гостиварец, на 9 септември, при вршење семејно насилство, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие подолг временски период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден осомничениот влегол во дневната соба со секира во рацете и на оштетената и задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа од кујната зел нож и со него и задал повеќе убоди во стомакот. Откако се уверил дека ја убил, излегол од куќата и најпрвин со велосипед, а потоа и пеш се упатил во правец на Сува Гора. Извесно време бил во шумата над селото Страјане, но потоа се симнал на патот, каде бил фатен и лишен од слобода од овластени полициски службеници“ се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Извор: libertas
Moжеби ќе ве интересира: