Со победа на гостински терен во Крушево против екипата на Питу Гули, фудбалерите на Превалец победнички ја започнаа сезоната во Третата фудбалска лига- Југ.
Содржината продолжува под рекламата
На тешкиот терен во Крушево гостите од Велес беа подобри и заслужено ги освоија трите бода. Стрелци на головите за Превалец беа Спиридонов Давид во 24 минута и Гаштев Ангел во 27 минута. Домаќините само го ублажија поразот со голот на Оливер Велевски во 82 минута. Двете екипи го завршија натпреварот со по десет играчи, откако во 62 минута беше исклучен Сашко Кочов од Превалец, а во 88 минута беше исклучен Соте Волчески од екипата на Питу Гули.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалерите на Борец, кои важат за најсериозни кандидати за освојување на првото место и пласман во Втората фудбалска лига, се сопна на првото гостување. Во Лажани одиграа само 1:1, со домаќинот Слога. Поведоа домаќините со голот на Енис Фазлиоски во 55 минута, во 61 минута Јосиф манасиев го израмни резултатот
На останатите натпревари, Марена ја декласираше Локомитива од Градско со 7:1, а Младост од Кривогаштани го собра цел плен од Росоман, победувајќи со 2:3. Во следното трето коло, Превалец ја прчекува екипата на Марена, додека Борец ќе го пречека составот на Росоман.
Можеби ќе ве интересира: