Побегна деветгодишно дете од мал групен дом во Кавадарци

Мирно деноноќие имаа велешките полицајци. Само еден граѓанин го прекршили полицискиот час, па против него е поднесена соодветна пријата.

Zito akcija 640x289px

Затоа пак, полицијата во Кавадарци и Неготино имаше полни раце работа.

Agria

Првиот настан е регистриран од кавадаречката полиција вчера во 10.30 часот, кога во полициската станица било пријавено дека од Мал групен дом за деца со социјален ризик во Кавадарци се оддалечил деветгодишен малолетник. Тој и досега во повеќе наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад. Полицијата сеуште го бара детето.

Полицискиот час во Неготино започна со тепачка. Околу 16 часот и 40 минути, во двор од куќа на ул. „Вељко Влаховиќ“, прво се расправале, па се степале Љ.Ј.(68) и Б.Ј.(61) од Неготино. По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Тепачка имало и на кавадаречка територија. Синоќа во 21.00 часот пред нивната куќа во село Возарци, се степале Р.А.(22) и Ј.А.(18). И против нив полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Освен едно прекршување на полицискиот час во Велес, СВР Велес регистрирало тројца граѓани, кои се движеле за време на забраната.