Велешанка на 60-годишна возраст почина на инфективното одделение во велешкатра болница како последица на ковид-19. Од болницата информираат дека починатата развила пнеумонија, но имала и други хронични болести, како дијабетес и хипертензија. Таа е 281 жртва на ковид-19 во Велес, од почетокот на пандемијата до денеска.
Содржината продолжува под рекламите
Поради влошена здравствена состојба, 43-годишен велешанец синоќа е транспортиран на инфективната клиника во Скопје. Во велешката болница денеска се хоспитализирани 29 пациенти, од кои 19 се позитивни, двајца се непотврдени и петмина се негативни на тестовите за ковид-19.
Содржината продолжува под рекламата
Од почетокот на пандемијата до денес, од ковид-19 се заразија 7653 велешани, од кои 7214 се излечени, а активни се 159 случаи.
Можеби ќе ве интересира: