Атина Апостолова, доајенот на македонската фолк музика, денеска е пронајдена почината во својот дом, при што била повикана брза помош и полиција.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет. Таа е позната како македонска пејачка на народна музика со голем број на евергрини.
Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, како и сестрата на Апостолова. Атина неодамна направила и операција на срцето, но се поминало во најдобар ред.
Атина Апостолова ги отпеа безвременските хитови: „Ако грешам грешна да сум јас“, „Пејте, пејте еј, мераклии“, „Усни румени“,„Цела вечер ќе ти пеам, а ти крши чаши“, „Верувај ми“…
Можеби ќе ве интересира: