Почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ

Milan Bandik gradonacalnik na zagreb pocina
Milan Bandik gradonacalnik na zagreb pocina

Доцна синоќа почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ на 66-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми. На градоначалникот Бандиќ му се слошило касно синоќа и со Брза помош билпренесен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Веста ја потврдија и од Град Загреб.

Zito akcija 640x289px

Тој подолго време имал сериозни проблеми со здравјето. Во 2003 година преживеал тежок мозочен удар, а пред три години му бил вграден стент. Имал и белодробна емболија а му биле извршени и неколку операции, последната, лани, на гласните жици.

Agria

Бандиќ првпат стана градоначалник во 2000 година како кандидат на Социјалдемократската партија, но две години подоцна поднесе оставка откако пијан предизвика сообраќајна несреќа, по што се обидел да подмити полицаец. На функцијата градоначалник тој се враќа во 2005 година.

Тој во својата градоначалничка кариера бил во притвор како осомничен за финансиски малверзации, но ниту еден од скандалите или аферите кои беа поврзувани со неговото име не им пречеше на жителите на Загреб да гласаат за контроверзниот градоначалник.

Бандиќ беше градоначалник во шест мандата, односно цели 20 години беше на чело со главниот град на Хрватска.

Можеби ќе ве интересира:

Тој дури два пати во текот на својата градоначалничка кариера бил во притвор како осомничен за финансиски малверзации, но ниту еден од скандалите или аферите кои беа поврзувани со неговото име не им пречеа на загрепчани да гласаат за својот омилен градоначалник.

Беше градоначалник во шест мандата, односно цели 20 години владееше со главниот град на Хрватска.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: