Почина новороденчe на Детската клиника во Скопје

Bebe
Bebe

Директорката на детската клиника во скопје Стојка Нацева Фуштиќ во изјава за МИА го потврдува случајот на починато новороденче за кое јавуваат неколку медиуми. Детето е родено во Прилеп но поради наводи кои и биле кажани на мајката дека поради жолтица и подобрите апарати ќе било пратено на Детската клиника во Скопје. Директорката на Детската клиника Стојка Нацева Фуштиќ за МИА изјави дека новороденчето било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.

Zito akcija 640x289px

„Детето е поставено на двојна антибиотска терапија, соодветна поддршка, односно корекција на нарушувањата, меѓутоа она што откажува и бубрежната функција, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и, најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира … немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на Клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса“, изјавила за МИА директорката на Детската клиника Фуштиќ. 

Agria

Мајката на детето за случајот објави на социјалните мрежи во детали за агонијата која ја поминувала тие денови. Ова е уште еден доказ како функционира македонското здравство. Ужас е преблаг збор да се опише моменталната состојба, напишала мајката. Таа за леталниот епилог на својата трета рожба за виновни ги посочи докторите од прилепската болница, негрижата и ниското ниво на хигиена во родилиштето. Мајката се породила на 27 октомври  и како што пишува на социјалните мрежи родила здраво машко бебе со тежина од 2 килограми и 700 грама со АПГАР 10.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: