81 годишна пациентка од Градско која се лекувала на Инфективното одделени на велешката болница седум дена е нова жртва на ковид-19.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 79. Од нив, 64 имаат потврдени позитивни тестови, три пациенти се сомнителен на вирусот, и 12 имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 27 пациенти. На инфективното оддееление има 35 пациенти, на интерното одделение има шест пациенти на физикалнато одделение седум, а во Модуларната болница се лекуваат 31 пациенти.
Во последните 24 часа се испишани и три пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: