Поранешниот ракометар на Борец и една од легендите на овој клуб Петре Тутарков почина утрово на 65-годишна возраст. Тутарков дебитираше во Борец во почетокот на 70-тите години од минатиот век, кога клубот се натпреваруваше во втората југословенска лига.
Тој беше еден од најдобрите пивотмени во Македонија, а освен во Борец, настапуваше и за Работнички и за Тутунски комбинат Прилеп. Тутарков беше еден од продолжувачите на високиот квалитет на велешкиот ракомет, играч кој припаѓа на втората генерација на Борец, по онаа на Гајдов, Кирков и Мијаков, која играше во финалето на југословенскиот куп.
По завршувањето на кариерата, Тутарков извршуваше функции во управата на Борец, а беше и ракометен тренер, кој обучи многу велешки ракометари.
Можеби ќе ве интересира: