Популарниот британски актер Шон Конери, кој што ќе остане запаметен по улогата на тајниот агент „007“, денеска почина на 90-годишна возраст.
Тој во целиот свет ќе остане запаметен по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд 007 од серијалот книги на Ијан Флеминг. Конери, Бонд го глумеше дури во 7 филмови.
Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во „Недопирливите“ во 1988 година, две награди БАФТА и два Златни глобуси.
Конери доби титула почесен витез од кралицата Елизабета во 2000 година. Но, тој е подеднакво сакан и почитуван од неговите колеги Шкоти. Поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд реагираше на смртта на Конери, опишувајќи го како „најголемиот Шкотланѓанец во светот, последен од вистинските холивудски sвезди, совршениот Бонд“.
Можеби ќе ве интересира: