На 83 годишна возраст почина Вангел Жабев претседател на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Велес и претседател на Здружението на цивилни инвалиди Велес.
Вангел Жабев е роден 1939 година. Настрадал 1947 година во Градско од заостанат експлозивен материјал од војната, каде ги губи двете раце и се здобива со други телесни повреди. Своето школување го започнува во ОУ „Кирил и Методиј“ во Велес. Поради слабата финансиска моќ на неговите родители не продолжува во средно училиште, па дури откако се вработува таа негова желба повторно се враќа и вонредно го завршува средното училиште во Велес. Се вработува во Текстилниот комбинат „Нокатекс“ во Велес, од каде оствари право на пензија како еден од најуспешните работници, за што е повеќекратно наградуван.
Содржината продолжува под рекламата
Желбата за самодокажување наоѓа преку спортот, а најактивно се занимава со фудбалот, атлетиката и пливањето. Поради неговите исклучителни резултати во спортот, особено во атлетиката и пливањето, се вклучува во спортските активности организирани од Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија и тогашна Југославија. Учествува на бројни натпревари на ниво на Македонија и потоа на ниво на тогашна Југославија, каде забележува највисоки резултати.
Содржината продолжува под рекламата
Благодарение на високите резултати, особено во пливањето, учествува на повеќе меѓународни натпревари од кои позначајни се: Отвореното првенство во пливање во Полска (1977), каде освои 4 златни медали (краул 50м, грбно 50м., градно 50м., мешовито 3х50м.); како и на неколку меѓународни натпревари кои се одржале во
тогашна Југославија, на кои исто така се закитува со највисоките одличја. Со поддршка на својата фамилија и блиските пријатели го постигнува неговиот врв во кариерата, односно учеството на Параолимпијадата во Арнхем, Холандија (1980), на која освојува две бронзени медали во дисциплините краул 50м. и мешовито
3х50м.
До крајот на својот живот беше спортски активист како претседател на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Велес и претседател на Здружението на цивилни инвалиди Велес.
Можеби ќе ве интересира: